Корисни трикови за отстранување на целулит



Времето надвор веќе предиспонира кратки должини – на фустани, здолништа и панталони. Обично летото е периодот во кој жените најмногу посветуваат внимание на начинот на кој тие изгледаат. Секоја несовршеност ги тера да се чувствуваат помалку секси и уверени во својата визија.


Без сомнение целулитот е еден од виновниците, кој ги тера жените да го покриваат телото, дури и кога се на плажа.

Всушност некои жени успеваат да ја совладаат ситуацијата и да се ослободат од целулитот .. барем до одреден степен. Сепак ниту една дама не треба да се залажува дека има волшебно средство со кое еднаш засекогаш ќе се збогува со непријатните дупчиња на кожата.


Сепак тоа не треба да ве обесхрабрува, ниту пак да ве демотивира да вложувате напори да изгледате и да се чувствувате добро. Со неколку трикови може да постигнете голем ефект и да се чувствувате дека целулитот веќе го нема:

1. Користете специјални креми против целулит. Најдобро избирајте ги оние кои содржат кофеин, бидејќи тој може да ги смалува масните клетки. Сметајте за можноста да користите ретиноиди – на тој начин ќе го зајакнете растот на колаген.


2. Не заборавајте за редовно нанесување на креми за заштита од сонце. Ултравиолетовите зраци можат да го оштетат колагенот, што во крајна линија ќе го направи целулитот уште поочигледен. Затоа потребно е да нанесувате секојдневно средство за сончање. Кремовите кои содржат антиоксиданти, исто така, можат да помогнат.

3. Јадете здрава храна и вежбајте редовно. Ова е важно не само за целокупниот начин на кој изгледате, но и за целулитот. Корисната храна и редовното вежбање нема да го елиминира целулитот, но пак ќе го направи далеку невидлив. Вашите нозе ќе изгледаат потенки, а кожата ќе биде поизмазнета. Ако имате можност, може да се обидете и со антицелулитни масажи. Со нивна помош ќе го стимулирате протокот на крв во проблематичните области и привремено ќе ја испеглате кожата.