Компатибилност помеѓу партнерите според нивниот роденден



Индекс на компатибилност 4


На прво место ви се пријателите, а потоа интимните партнери. Имајте во предвид дека тоа нема да се промени.

Индекс на компатибилност 5


И двајцата сте малку нарцисоидни. Секој мисли дека е во право, а другиот не само што греши, туку и не сака да слуша. Врската бара компромиси и разбирање. Таа не е терен да ги мерите квалитетите и да се натпреварувате. Не дека сте различни и не одговарате, но дозволувате на егото да ги диктира правилата. А во една љубов тоа е најголемата грешка. Успеете ли да ја стави гордоста во нормалните граници, може и целиот живот да останете заедно. Во спротивен случај, немате шанси за среќни односи.

Индекс на компатибилност 6


Овој индекс подразбира идеална двојка. Љубовта ви е многу силна и можеби веќе сте почувствувале дека ниту парични проблеми, ниту чисто битни такви можат да ја победат. Ќе живеете среќно и во сиромаштија и во богатство. Единствената опасност која надвиснува над вашата врска, се туѓите мешања. Според Нумерологијата вие сте една целина, што не смее да дозволи некој во неговиот свет (освен, се разбира, наследник. Тоа значи дека треба да живеете одвоено од своите роднини и ако некој ви каже нешто за вашиот партнер, тогаш прво разговарајте со него.

Страни: 1 2 3 4