Колумна: Така рекол Данте Алигери, а не јас



Lasciate ogne speranza, voi ch’intrate – „Вие што влегувате, откажете се од секоја надеж“,  затоа вие кои започнувате да го читате ова , откажете се од надеж дека можеби ќе го разберете , и од секоја надеж дека ќе можете после тоа јавно да говорите и да го искажувате вашиот истомисленички револт. Така рекол ,, Данте ,, не јас, да го расчистиме тоа.

Јас велам вака, не сум член и љубител на ,,трите видови ѕверки ‘’ во оваа држава, на ниту една , ниту пак им верувам на нивните испишани говори на хартија, проверени од страна на уште десет други  стручњаци. Аргументирам , знам како е да се биде рецезент,  не зошто тоа го работам, ами зошто сум постигнала некој средно-класичен успех па можам да си дозволам една реченица да кажам и за тоа. Значи ,, Не,, , да се разбереме , јас не сум како вас стручњаците. Туку обичен студент. А за да бидам уште постручна во врска со ова прашање па да можам да им се спротиставам на  ,, Пантерите ,, ( зависта) ,, Лавот ,, (гордоста) и ,, Волчицата ,, симбол на алчноста на нашата држава , се запишав на додипломските студии за право (како втор факултет), чисто да имам еден лист хартија и тоа од онаа поскапата , за кој ,, рака на срце ,,  ја плаќаме таа хартија  400 евра за разлика од Вас , или некој од Вас кој ќе се пронајди во муабетот , па ќе престане да ја чита колумната со реченицата : ,, E што сега , тебе ти е криво оти татко ми е директор , ајдее бе … ,, – Да појаснам. Ич не ми е , и да престанеме ние вака сиромашните да ,, плукаме ,,  по оној кој  вака или онака е директор. Верувајте и тоа е способност! Денес да си на едно од највисоките нивоа на овај систем на ,, трите видови ѕверки,, не треба да си ништо друго освен ,, Ѕверка ,, . Значи не е толку сложено. Ама ајде биди да те видам. Ајде лажи , кради , валкај ги своите раце.  Ако си сиромашен , тогаш знаеш како е да борчиш 1000 денари на комшијата , не спиеш , се вртиш…Чекаш да дојде онаа минимална плата , социјалното …Ајдее , издржи…. идии.. тука е…и ? Оп,  Парите ги нема. Ах , твоето задоцнето плаќање на кредит , го блокирало лимитот. Е во случајот ако си една од ,,трите ѕверки на државата,,  , нема да спиеш од многу работи , верувај . Барем јас не би спиела овие денови. Кога од сите страни слушам некој тип на ,, БОМБИ ,, некој тип на ,, АНУНИМУСИ ,, и што и да се , па помислив како им е на оние  граѓани кои по природен пат го изгубиле целосниот вид. Страшно! ,, Зарем има војна во државата ,, – Велат. И тешко уште на оние кои се до нив.. кои треба да им објаснат.  ,, Не чедо , не е тоа војна… Туку овие нашиве , ѕверки , немаат друга работа  ,,

Да тргнам горе смелост собрав, клет,
но ниту надеж остана, ни сила.
Ко трговец што чука глава в ѕид
(галијата ја скрши морска спила!)

се мрачи сè пред очниот му вид, —
ме стресе така ѕверон и ме столчи,
следејќи ме од оној стрмен рид

во катон кај што сонцето си молчи.
Бегајќи јас низ рид пред ѕвера три,
пред Лав, пред Пантер и пред поглед волчи ( извадок од ,, Пеколот ,, на Данте)

Е сега стигнав до мојот омилен дел  ,, Свесен дека се турка себеси кон „дното“ (basso loco) „каде што сонцето молчи“ (l sol tace) “

Ќе почнам со пофалба се со цел утре , задутре да не ми стигни некаква си усна закана дека сум член на било која од ,, трите ѕверки ,, . Ме бендисува ова со здраството ,кога сите си ја терале својата работа како што овој човек ја носи кон нагорна линија , и кога не би ,, пукале ,, со ,, бомби ,, и со мистериозно хорори , ,Анонимуси ,, што случајно ми го одзедоја вниманието на ТВ екранот додека граѓаните се известуваа за превенција на нивното здравје, не би ја нарекла оваа држава ,, Пекол ,, можеби би била едно мало ,, Чистилиште ,, ама според  Данте , ете , барем како што тој ги опишува ѕверките а сите ние ги гледаме ќе ја наречам ,, Пекол,,
Еве да појаснам , пишувам колумна , зошто неможам јавно да зборувам. Зборуваме за правна и либерална држава а НЕМАМЕ ПРАВО НА СВОЕ ЈАВНО МИСЛЕЊЕ И КРИТИКА?   Зборуваме за непратиски вработувања а мојот старател чека вработување , зошто само нема партиска книшка? Хм.. Зборуваме дека сме отворени за нови иновации , промени, дека ставот на граѓанинот е пред се ( Барем по телевизиските реклами тоа го слушнав , инаку не сум љубител на митинзи односно театри со претходно спремени говори) Е како сега јас да излезам на улица и да искажам револт , на пример дека ,, Државниот испит,, не ми се допаѓа, зошто ако викате дека некој со ,, Пари ,, ја земаат дипломата , што значи тоа? Тоа значи дека вашиот проблем е токму во вашето раководењње и поставување на функции уште една ,, ѕверка ,, која на истиот тој начин ја добила својата високо квалификувана диплома ..Ама имаат трудови , ќе речат. Да.. Имаат , па се изназедоја пари бре печатарските машини , затоа не се одкажувам од мојот прв факултет Графичко инженерство , оти ,,СЕ ИСКОПИРАЈА ,, се препишаја… Ајде купи ти сиромашнику кој читаш една книга од Белград да те видам. Немам , е немаш. Затоа никој не ни е крив.

Чувствувам огромна потреба да го искажам уште овoј револт, знам дека сите вие ѕверки сте еден куп лажговци , и знам дека мора и јас таква да бидам еден ден за да успеам. Но барем уште денес да кажам , а оние на кој телевизорот им е пуштен ќе ме разберат.  ПА НИ ПОПЛАВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НЕМОЖЕА ДА ГИ ЗАСЕНАТ НИВНИТЕ КОНКУРЕНТИ ПОЛИТИЧКИТЕ ЅВЕРКИ.

Живеам во Македонија , и под зборот ,, Вести ,, кога не би живеела би разбрала единствен извор од каде што можиме да ги добиеме најсигурните информации и најразновидните. Епа или сте многу досадни или јас сум глува и слепа. Претеравте!  Ми кажувате дека живеам во замислена ,, Швајцарија ,, а дома се караме дали парите да ги дадеме за леб или вода ,, зошто нели со хемикалии е ,,  Ама сте многу позитивни , за пофалба , незнам кој ве режира , и колку е платен овој маркетинг. Сакам само да ве подсетам ,, Дека во Македонија постојат сеуште ЛУЃЕ  на кој им треба информации за здравје , за светот , простор за јавно дебатирање. Ако  ПРОТЕСТОТ  е легитимално право на секој граѓанин , зошто, само така се изразува револт и противност кон некоја одлука која што се донесла онаму каде што обичниот граѓанин неможе да го стави ни малиот прст од својата нога , Зошто им го запирате тоа право , етигирајќи ги како припадници на вториот вид ЅВЕРКИ  како Вас.? Луѓето се плашат тука дури и да протестираат. Заробеници се на сите ваши игри и борби за подобра позиција. Робови се. Робови сме , на туѓите потреби. Затоа и Ве сместувам сите вас , не само една ѕверка , напоменувам..Сите вас!  Во деветиот круг на Пеколот на Данте. Првиот појас се нарекува  КАИН ( за оние кои не прочитале)  Братоубијци , Грешници што убивале луѓе од свој ред.  АНТЕНОРИ ( предавници на татковината  ) , ПТОЛОМЕЈЕВ ( предавници на пријателите)  , ЈУДИНИ ( предавници на своите добродели). .Ете сите сте такви. А оваа колумна ќе остани непозната за сигурно, зошто мојот татко не е директор, туку е обичен работник.

Колумна ,, Пеколот на Данте Алигери ,, – ИВОНА ТАЛЕВСКА