Колку трае предиграта … од што се плашат мажите во сексот … ?



Постојат голем број прашања за интимниот живот кои имаат третман на табу теми. Но, сексолозите отворено одговараат на дел од нив.


Колку трае предиграта?

Идеална должина на предиграта е околу 20 минути. Меѓутоа, на некои жени им е потребно и повеќе. Важно е да се знае дека квалитетот е многу поважен од квантитетот.


Дали е важна должината на пенисот?

Мажите сметаат дека должината на машкиот полов орган е пресуден за добар секс. Меѓутоа 87% од жените преферираат просечна должина на пенисот, околу 14,3 сантиметри. Сексот со „надарените мажи“ може да биде болен.

Зошто некои мажи можат неколку пати по ред да водат љубов?

Ова зависи од тоа колку години имаат. Момците во тинејџерските години се способни за нова ерекција околу 15 минути после ејакулацијата. Но, доколку мажот е постар неговата желба за секс после првиот сексуален чин е помала, па може да не дојде до повторна ерекција.

Страни: 1 2