Колку секс и треба на една жена?



Со регуларен сексуален живот можат да се пофалат 45% од жените во западните земји, според статистиките. Кај други 30% сексот е периодичен, а кај останатите тој или недостасува или се случува многу ретко.


Во исто време лекарите уверуваат дека здравјето на жената се оштетува од недостатокот на секс – како од физиолошка, така и од психолошка гледна точка.

Се смета дека на една половозрела жена и е потребен од 2 до 5 пати секс неделно.


Негативните последици од недостатокот на регуларниот сексуален живот се појавуваат уште на 2-3 месец од “сексуалните пости”. Жената станува возбудлива, раздразлива, без повод може да крене глас, да се кара или да се расплаче.

Недостатокот на секс особено јасно избива на надворешноста на жената – почнува да се оштетуваат кожата и косата, и побрзо се појавуваат првите знаци на стареење.