Колку просечно мажите можат да издржат во креветот



На мажите можеби ова нема да им се допадне. На жените исто така! Но, вистината е дека поголемиот дел од времето во креветот кај господата трае не повеќе од 2 минути пред да завршат.


Ново истражување покажува дека околу 45% од претставниците на посилниот пол „работат“ под покривката и по 2 минути.
“Две минути се премалку за една жена, за да стигне до оргазам”, категоричен е авторот на студијата Хари Фишер.

Тој неодамна издаде книга “The New Naked: The Ultimate Sex Education for Grown-Ups”, која е полна со интересни факти, статистики и примери кои се однесуваат на сексуалниот живот, навиките и однесувањето на двата пола.


Според Фишер времето за кое мажите завршуваат, е со околу 7,3 минути помалку од доволно за жените да достигнат оргазам.
Резултатите од оваа студија се совпаѓаат со оние на истражувањето, направено во 50-тите години на минатиот век од Алфред Кинси.

Во него авторот открива дека ¾ од претставниците на посилниот пол завршуваат во рок од 2 минути.