Колку пати човекот во кој гледаш бил убав на изглед, а внатре ништо. Никаква топлина, никава длабочина, ништо посебно..



Не е убавината во убавината.
Знам чудно звучи. Но не е. Колку пати човекот во кој гледаш бил убав на изглед, а внатре ништо.
Никаква топлина, никава длабочина, ништо посебно.
Да не мешаме изглед и привлечност.
Привлечноста и посебноста некаде на друго место стојат.
Во женственоста која од порите на кожата излегува, а на неа ни трошка шминка не мора да има.
Од очите што се смеат без оглед каква боја се.
Од рацете што гушкаат без разлика дали се јаки или слаби.
Убавината е во бакнежот во чело кој чува.
Кој раскажува приказна која ја знаете само вие двајцата.
Убавината е во начинот на кој се смее.
Во испреплетените прсти. Во начинот на кој оди. Во бојата на гласот. Во подршката, во добрината.
Убавината е во чувањето. Во гордоста. Манирите. Воспитувањето.
Убавината е во она што го гледаш ти.
Во она што никој друг не може да го види. Затоа чувај ја. Со целото срце. Без на некој да му се објаснуваш.
Бакни ја таа убавина, чувај ја и молчи.
Автор: Дејан Велевски