Колку пари трошите на првиот состанок



Истражувањето на Метик и ТНС Софрес, покажало колку пари трошат жените во Европа за првиот состанок.


Во просек 53,70 евра за гардероба, а 20,30 евра за козметика. Нивната студија разби и многу од стереотипите – дамите не трошат повеќе од мажите, а Французинките не се најдарежливи во Европа.

Иако владее мислење дека Французинките се најсредени од Европјанките, новата студија поинаку вели.


Не само за гардероба, туку и за козметика Французинките трошат помалку од просекот или само 14, 9 евра.

И кога станува збор за одење на фризер пред првиот состанок, тие се зад европскиот просек од 22 проценти на жени кои ја средуваат косата првата средба.


Ваквиот тест сруши уште една предрасуда. Се покажало дека жените не трошат многу повеќе од мажите за козметика. Додека за жените доволни се 20, 30 евра за нова козметика, мажите ги следат со добри 19,50 евра.

Но, сепак дамите водат во бројноста. Додека само 16 проценти од мажите се спремни да потрошат пари на нови козметички препарати, дури 39проценти од жените немаат проблем со тоа.

Помеѓу мажите најмногу внимание на својот изглед посветуваат Италијанците и ти трошат и до 23,20 евра на козметика за првиот дејт, а најголема сума за гардероба, спремни се да издвојат Норвежаните – 89,90 евра. Мажите од Норвешка победиле и во уште една категорија, тие одењето на фризер или козметичар го плаќаат во просек по 66,20 евра.