Колку е опасно успивањето



Сите знаеме за придобивките од добриот сон. Британското издание “Фимејл фрст” сепак неодамна објави листа со потенцијалните штети кои би можело да ни ги нанесе прекумерното спиење.

На прво место, успивањето премногу спиење попречува на нашата меморија. Според научниците од Американската геријатриска асоцијација луѓето кои спијат повеќе се ментално две години постари од оние кои ги добиваат токму потребните доза спиење.

Излегува дека спиењето влијае на шансите да добиеме инфаркт. Луѓето кои спијат долго имаат 46% поголеми шанси да добијат срцев удар од останатите.

Истото важи и за шансите за испаѓање во депресија, покажуваат податоците на Центрите за контрола на болести на САД. Успивањето често пати може да доведе до замор, кои можат да доведат до депресија.

Дијабетисот исто влијае од сонот. Луѓето кои спијат повеќе од 8 часа на ден имаат подолги периоди во кои не се активни, што доведува до покачени нивоа на гликоза и можност за развивање на дијабетес.

Страни: 1 2