Колку години имате? Внимавајте ако се 19, 29, 39, 49, 59 …



“За време на нашето истражување, ние откривме дека на возраст која завршува на бројот 9 луѓето масовно се измачуваат со прашањето дали нивниот живот има смисла”, вели професор Адам Алтер од Stern School of Business во Њујорк.


“Тоа може да се покаже многу комплицирано психолошко искуство, особено ако човекот не е уверен во изборот од минатото и во насоката која ја презел во неговиот живот”. Луѓето стануваат склони кон радикални промени, често одеднаш се брзаат да тренираат напорно или да го менуваат својот изглед на друг начин, а се зголемува и драстично ризикот да ги изневерат своите партнери, како и да западнат во депресија. За жал се зголемува и ризикот од самоубиство.

Како и секоја криза, и оваа може да ја втурне човек во радикално различни правци. Луѓето се насочуваат или во крајно мотивирани активности (на пример почнуваат да живеат здраво) или во крајно деструктивна насока.


Во групата на 29-, 39-, 49- и 59-годишните исто така се среќаваат и многу луѓе кои ги напуштаат своите семејства и може дури да се отуѓат од децата и блиски во желбата нагло да преминат во некоја нова, комплетна реалност.

Биолошко, овие кризи не се оправдани. Тие имаат само социјална причина – чувството за граничност што ни прснува токму пред преминот од една декада во друга. “Чисто биолошко, разликата меѓу 29 и 30 години не е суштински од оваа меѓу 28 и 29 на пример” – вели проф. Алтер.


Тој Алтер вели дека едноставно ова е добар повод да престанеме и да размислиме за правецот кој сме го избрале за живот и можеби да земеме некои важни одлуки и да се ослободиме од работи кои ни пречат.