Колку брзо се возбудуваат жените



Жените се возбудуваат со иста брзина како и мажите. Ова го докажа најновата студија која е правена во соработка со испитаници од двата пола.


Имено, долго време се верувало дека на дамите и е потребна долга предигра за доволно да се возбудат и да уживаат во сексот, за разлика од мажите кај кои тој процес се случува неколку минути. Меѓутоа, ниту едното ниту другоот верување не е исправно.

Резултатите од студијата покажуваат дека разликата во времето, кое на мажите и жените им е потребно да го достигнат својот врв, е многу мала. Научниците на испитаниците им давале да гледаат порнографски содржини, а за тоа време ги мереле промените во гениталните подрачја со помош на чувствителни сензори.


Се покажало дека кај мажите, гениталиите се „вжештиле“ за 11 минути, додека жените својот врв го доживаеле за седум минути повеќе.

Ова истражување е од круцијална важност имајќи предвид дека со него се побиваат сите востановени, но и погрешни мислења дека жените се возбудуваат по половина час галење и бакнување, а мажите за само неколку секунди.