
Пријателката ја праша:
– Како можеш да сакаш грбав човек?
– Не беше грбав кога го засакав.
– Е па како стана грбав тогаш?
– Пред неколку години бев многу болна … постојано ме носеше на раце по болници. Повреди неколку пршлени, ама не престана да ме носи додека не оздравев.
Пријателката само ја наведна главата и замолче. Колку болно знае да биде некое молчење.
Извадок од Грбавец, Колекциoнер 2, Драган Таневски