Колбасите и црвеното месо најмалку „ги убива“ жените



Колбасите и црвеното месо ги убиваат сиромашните, открива истражувањето спроведено во Глазгов, Шкотска.


Нискоквалитетните колбаси и црвено месо го намалуваат животот на сиромашните во Глазгов, пишува британското издание Independent.

Најголемиот град во Шкотска и трет по население во Велика Британија е тажно познат по огромните социјални нееднаквости во него.


Просечната должина на живот на сиромашните е околу 54 години, додека богатите надминуваат 80-годишна возраст.

Студијата покажува дека една од клучните причини за тоа е редовната консумација на евтино, преработено месо, претежно од страна на сиромашните мажи во градот.


Уште во 2015 година Светската Здравствена Организација разјасни некои истражувања, според кои токму преработеното црвено месо, како салама, колбаси, шунка, сланина, и слично, е канцерогено, но и црвеното месо во целина.

Високите нивоа на фосфати токму во црвеното месо водат исто до предвремено стареење и им штетат на бубрезите.

Фосфати има во многу видови храна, вклучувајќи различни видови на месо, риба, јајца, млечни производи и зеленчук.

Според Шилс лошата исхрана на луѓето доаѓа од фактот дека многу од нив не можат да си дозволат подобра.
Треба да можеш да си дозволиш квалитетна храна. Ако не можеш да си земеш квалитетно црвено месо без додадени материи во него, си создаваш здравствени проблеми, објасни Шилс.

Според истражувањето врската помеѓу високото ниво на фосфати и честата конзумација на црвено месо ја има само кај мажите.