
Колач со суво овошје. Го нарекуваат и „Љубовен венец” – бидејки едноставно ќе се заљубите во вкусот. Или оној кој ќе го послужите со овој колач ќе се заљуби во вас уште повеќе.
Се матат 3 јајца и се додава:
1 ванила
2 шољи шеќер (од 200 гр.)
1 пециво
1 шоља млеко (200 мл.)
1 шоља масло (200 мл.)
3 шољи брашно (200 гр.)
1 голема лажица цимет
Смесата се мати со мискер. Потоа се додаваат 400 грама од мешавина од суво овошје, ситно сецкано:
брусница
ореви
суво грозје
суви кајсии (ситно сецкани)
суви смокви (ситно сецкани)
суви урми (ситно сецкани)
сув ананас… или друго суво овошје по избор.
Сите суви овошја или готова смеса со секцани овошја има во нашата продавница.
Се меша смесата со лажица додека не стане неразмерно кафеава. Потоа се додава:
1 рендана кора лимон
1 рендана кора портокал
1 рендано чоколадо (100 гр)
Се се меша убаво со лажица и се става во куглов или плех подмачкан со масло и целиот се посипува со брашно.
Колачот се пече во загреана рерна на 180 степени со вентилатор 50 минути (55 минути без вентилатор).
Се вади и се става превртен на даска или во тањир. Додека е топол се посипува со цимет.
Откако ќе се олади се покрива со салфетка, се става во кеса и се затвара убаво. Вака се чува во фрижидер и може да трае и до 2 месеци. Искуството покажа дека тоа е невозможно, бидејки колачот е толку вкусен што се јаде за 2 дена 🙂
Брашно, масло, смеса со сецкано сушено овојшје… ве чека во нашата продавница. Пробајте го овој рецепт – едно ветуваме дека нема да зажалите.