Која е ограниченоста на нашите умови и кој ни ја создава?



Уште од малечки, првиот видик ни создава во мозокот слика на совршенството. И во тоа верувавме,како некој кога прв пат ни го изговара името и знаеш..ти си тој..мора да се свртиш, затоа луѓето растат со фрустрација и незадоволство. Сонуваме заа живот само онаков каков што го немаме , и мислиме дека тоа е совршено? Без да почувствуваме аргументираме. Секогаш го сакаме она недостижното , зошто некој ни го прикажал како фантастично. Која е ограниченоста на нашите умови и кој ни ја создава? И не е баш толку битно кој ни ја создава , ами дека мозокот се наоѓа во нас.И ние сме тие што можеме да го промениме. Сте се запрашале ли некогаш зошто месото дебелеее , и зошто се здрави житарките? А не сте се запрашале ли зошто ги убивате животните? И која е казната што следува. Има многу полемики , овој живот , создаден како таков е лавиринт , и колку повеќе страдаш и кажуваш дека ништо денес не е возможно и ја спомнуваш тешкотијата. Толку повеќе ја признаваш твојата глупавост и мрзеливост да го пронајдеш излезот.
Јас ќе ја цитрирам оскаровката Мерил Стрип  , не затоа што е позната оскаровка , туку затоа што е обичен човек силен човек кој стигнал на врвот трпејќи ја цела оваа злоботија на планетата.
,, Веќе немам трпение за некои работи во животот! Не затоа што станав арогантна, туку едноставно затоа што дојдов до точка кога веќе не сакам да губам време на работи кои ме прават незадоволна или тажна.

Немам веќе трпение за цинзам, претеран критицизам или за какви било барања. Изгубив волја да им удоволам на оние кои не ме ценат, немам љубов за оние кои не ме сакаат и не сакам да им се насмевнам на оние кои не ми се насмевнуваат мене.Не сакам да потрошам веќе ниту секунда на оние кои ме лажат или се обидуваат да манипулираат со мене. Не сакам веќе да бидам во близина на оние кои се преправаат, кои се нечесни или површни.


Не толерирам академска ароганција и не прифаќам популарна тривијалност. Мразам конфликти. Верувам во свет полн со различности и затоа ги избегнувам луѓето со крути и нефлексибилни особини. Во пријателството не толерирам недостаток на верност и предавство. Не се согласувам со оние кои не знаат да дадат комплимент или да охрабрат ,,

Што е животот сте се запрашале? Колку трае? Знае ли некој колку трае? Или кога би знаел дали се би било подобро ? Зарем не Ви е поисполнета душата кога ќе прегрните некого? Зарем не чувствувате немир во градите кога зборувате со омраза кон некого? Од каде таа омраза кон луѓето? Многу едноставни прашања во кои секој би пронајдол начин за оправдување.
Но ние сме држава пубертетлија , при постоечки ,, Алжил синдром ,, кој создава деформитетен геноцит. Дали до нас е или до предците уште не е откриено. Ама ограничени сме со сфаќање ,, до даска,, цел живот го живееме како слепци што се колниме во непознатото , излегуваме на кафе само да ја искажеме нашата глупавост и на улица , и точно е.. Што е најстрашно никој ништо не превземаме. За ден свет не се менува.( како што пишувам во мојот роман ,, Низ ходникот ,,)
И тука мрзоволно ќе завршам. Оти луѓето заминуваат, а ние си останавме истите … ретроспектива на настаните , само незнам дали ова е почетокот … Разговор на Гоце Делчев со генералот Данаил Николаев:


Генерал Николаев

– „Значи вие, младичок, сметате дека македонското население е способно да се бори, да подига револуција? Детски работи прикажувате, вие, момек! Тоа е ропско население. Вашите планови јас не можам да ги прифатам, ниту сакам да ги слушам. Каква организација Вие сметате да создадете таму? Револуционерна? Внатрешна? Македонска? Глупости! Глупости! Глупости! Има само една организација – тоа е Врховниот комитет. Јас Ви гарантирам дека кога ќе му дојде времето, ќе поведам 20-30 илјади резервни војници. Co мене се официрите. И тогаш ќе подигнеме востание во Македонија и ќе ја ослободиме. A co селани, со селани ништо сериозно не може да се направи. Тие се робје…“

П.С    Please change you’re mind!

Да почнам од почетокот или од крајот? Ако почнам од крајот значи пак има некој почеток.
Започнете со убави мисли и имајте убав ден , а јас ќе му посакам на мојот Ки (повеќе голови денес) Вие му посакавте ли нешто убаво на некого?

Автор: Ивона Талевска