Kоја е новата Мис Америка



Убавица од Џорџија стана новата Мис Америка. Бети Кантрел победи на натпреварот во кој учествуваа 51 девојки во Атлантик Сити.


За време на уметничките презентации, убавицата ги импресионираше жирито и гледачите со своите вештини во оперско пеење.

На церемонијата присуствуваше и Мис Америка 1984 година, Ванеса Вилијамс. Таа за прв пат на овогодинешнотo шоу се појавува откако беше принудена да ја врати круната, поради скандалот со голата слика.


misamerika1


Ванеса Вилијамс доби извинување од извршниот директор на конкурсот Сем Хаскел.

Погледнете го доделувањето на новата Мис Америка.