Loading...

Која e храната што најмногу исцрпува


Ако се прашувате зошто секое попладне се случува истото – нивото на вашата енергија значително се намалува и вие почнувате да се чувствувате многу уморни, тогаш можеби тоа е поради храната што ја конзумирате.

Веројатно токму вашата омилена закуска или ручек се причината за попладневните часови исцрпеност, што може да бидат само катастрофални, ако за тоа време од денот чекате куп обврски.

Еве и кои се храните што ве заморуваат:

1. Банани. Храната богата со магнезиум како бананите и семки од тиква, на пример, може да ве натераат да се чувствувате уморни. Магнезиумот е всушност мускулен релаксант, кој е одличен за времето пред спиење, но не и во текот на денот, бидејќи влијае на нивото на вашата енергија.

2. Бел леб. Ако сте консумирале храна со висок гликемиски индекс (како бел леб и бел ориз), наместо пченкарен, тогаш вие сте пропуштиле важни елементи за организмот кои ќе ве држат во кондиција. Храната со висок гликемиски индекс нема многу растителни влакна, и не ви дава постојан прилив на енергија.

3. Црвеното месо. Високата содржина на масти во црвеното месо како стекови и хамбургери може да ве направи поспани. За да се распадне црвеното месо, на телото му треба многу енергија. Затоа вие не можете да бидете доволно фокусирани. Најдобро заменете го црвеното месо со лосос, бидејќи во неа се содржат омега-3 масни киселини. За нив е докажано дека ја подобрува мозочната функција и концентрацијата.

Страни: 1 2