Кој е специјалниот гостин на концертот на Аца Лукас во Скопје?!



За само 3 дена, во сабота, во Вип Арената Борис Трајковски, се случува најголемата предновогодишна журка на Балканот – големиот концерт на незаменливиот Аца Лукас!


Човекот за кого со причина се зборува дека ги прави најголемите и најлуди журки во регионот и пошироко, повторно подготвува спектакл за својата верна публика.

Спектакуларната бина и продукција ќе бидат само дел од многубројните изненадувања за фановите на Аца Лукас.


Едно од изненадувањата кое го открија организаторите е специјалниот гостин на концертот, а тоа е атрактивната Анабела!

Лукас и Анабела без сомнение ќе приредат незаборавна ноќ, спектакл кои ги поместува сите граници.


Влезниците во продажба по промотивна цена од 400 денари само до денес (20. декември 2017), може да се набават преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе низ цела Македонија, во Пола Југотон, Југотон, цвеќара “Розе” – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.