
Среќавате прекрасен човек, чувствувате дека можеби ова е вашата партнерка и следниот чекор е да излезете на состанок.
Но, знаете ли кој ден од неделата е најдобар за прв состанок? Излегува дека научниците го проучувале прашањето и го нашле одговорот – среда.
Може и да ви се чини крајно несоодветен ден, бидејќи е во средината на работната недела, но зошто да не ја скршите традицијата и не ги послушате научниците.
А кога овој ден (среда или што сте го одбрале) наближи, следат безброј прашања кои не ви даваат мир. Како да се однесувам, што да кажам, дали ќе му се допаднам?