Кои собни растенија се најлесни за одгледување



За оние од нас кои немаат искуство во одгледување на цвеќиња или им недостасува време да се грижат за нив, но многу сакаат да се задржи убавата домашна флора, од gradina.mk им избраа неколку собни растенија погодни за секој дом.


Видете кои се тие:

Фикус


Секако, почнуваме со класичното собно растение. Фикусот е издржлив, но му треба многу светлина. Не заборавајте дека треба да го наводнувате само кога почвата е сосема сува.

Кактус


Кактусите ја сакаат силната сончева светлина и “сувата” почва. Ви препорачуваме да ги поставите на јужен прозорец, и наводнувајте ги од време на време во текот на летото и никогаш во текот на зимата. Кога ќе застуди преместете ги на темно и ладно место.

Дебелец

Исто како и другите сукулентни дебелецот не бара речиси никакви грижи. Расте како на многу ниски, така и на многу високи температури и има потреба од многу малку наводнување.

Дифенбахија

Видовите со посветли листови ја сакаат индиректната светлина, додека оние со потемна ги претпочитаат сивите места. Не поднесуваат прекумерно заладување, па затоа е препорачливо дифенбахијата да ви стои во топлата просторија во домот. Се полева редовно, а во зима на 2 недели. Ова растение не се препорачува за луѓе со мали деца или миленичиња, бидејќи лисјата содржат стрихнин, кој е силно отровен.

Сансевиера

Ова растение претпочита да светол простор, а наводнувањето треба да се одвива само кога е сува почвата. Во зима полевајте на 2 недели, бидејќи сансевиерата не трпи влага.