Кои се земјите каде жените имаат најголемо економско влијание?



Колективните вредности и верувања за родовата еднаквост, човечкото однесување и одбраната на правата во една држава имаат многу поголемо значење отколку што се мислеше претходно. Ова го покажува глобалното истражување, проучувањето на економската сила на жените и од што зависи тие да бидат прифатени и да останат долго време во одборите на компаниите, соопштија од biznisvesti.mk.

Истражувањето е спроведено меѓу 1002 компании од Forbes Global 2000, лоцирани во 41 земји на 6 континенти и инкорпорирани во 51 индустрија. Анализата опфаќа период од 10 години и е извршена од University of Cambridge Judge Business School и BNY Mellon and Newton Investment Management.


Воведувањето на квотите може да помогне за тоа жените да влезат во одборите на компаниите, но не помага за нивно задржување. Исто така, истражувањето покажува дека стимулирањето на економската сила на жените е клучна за постигнувањето на високите менаџерски нивоа.

Економската сила на жените се определува од фактори како што се колку години се очекува да учи една жена и колку години се очекува таа да учествува во пазарот на трудот.


Земјите во кои жените имаат најголема економска сила се Австралија, Норвешка и Данска. Трите земји во дното на табелата се Саудиска Арабија, Индија и Обединетите Арапски Емирати / ОАЕ /.

ekonzeni1

Земјите со најголема економска моќ на жените, каде најверојатно ќе бидат дел од одборите на компаниите за подолг временски период / Извор: BNY Mellon /

ekonzeni2

Земјите со најмалку економско влијание на жените, каде е најмалку веројатно тие да бидат дел од одборите на компаниите за подолг временски период / Извор: BNY Mellon /