Кои се симптомите на топлотниот удар



Во најтоплите денови од годината, во ден во кој има жолт код за високи температури, сакаме да ви обрнеме внимание на една сериозна состојба, до што може да ве доведе летото.


Важно е да се каже дека топлотен удар може да се добие и ако седите на сенка, но температурата на воздухот е многу висока и нема ветер.

Затоа и во градовите топлотниот удар е честа состојба поради зградите и асфалтот, како и недостатокот на циркулација на воздухот.


Симптомите на топлотен удар се: замор, главоболка, гадење, повраќање, ненамерно тресење на одделни мускулни групи (грчеви).

Ако не следи веднаш ладење, може да дојде до посериозни последици како прекршување на тонусот и свеста до степен несвестица, нагло покачување на телесната температура, вкупно црвенило на кожата, но без потење.


Важно е да се знае дека ако жртвата не добие соодветна медицинска помош, состојбата води до прекин на дишењето и фатален исход.

Првата помош при топлотен удар е изолирање од топлината. Облеката се отстранува и телото се лади со влажен чаршав.

Шишиња со ладна вода и мраз се ставаат под пазувите, меѓу нозете и стомакот, се пијат и ладни течности.
За да не дојде до оваа состојба, носете памучна облека, пијте многу течности, но не заборавајте и на солта, за да не се наруши електролитниот баланс на телото.