Кои се ризиците за мајката и бебето по царскиот рез



Царскиот рез е хируршка процедура која претставува пресек на абдоминалниот ѕид и матката со цел одземање на бебето. Во последните години бројот на раѓања преку царски рез се зголемува.


Како и секоја друга операција, така и царскиот рез крие свои ризици, како за мајката така и за бебето.

Ризици за мајката


Зголемено крварење и ризик од губење на многу крв. Треба да се има предвид дека при раѓањето преку царски рез, крварењето е многу повеќе отколку кај нормалното породување. Во некои случаи тоа може да доведе до трансфузија на крв или анемија.

Можни се оштетувања на некои органи, како бешика или појава на инфекција.


Се продолжуваат периодите на обновување и престој во болница. Престојот во болница е до 5 дена, ако нема компликации. Обновата на мајката трае од неколку недели до неколку месеци.

Можно е организмот на мајката да реагира негативно на некои од лековите, давани пред и по операцијата.

Степенот на смртност на мајката за време на царскиот рез е поголем отколку при раѓањето по природен пат.

Ризици за бебето

Ако се случила грешка и гестациската возраст не е дефинирана правилно, бебето родено со царски рез ќе биде предвремено и со мала тежина.

Понекогаш бебето родено со царски рез има тешкотии со дишењето. Ова бара итна помош.

Во многу малку случаи, за време на операцијата може да се повреди детето. Поради наведените компликации, секогаш се препорачува на жена со нормална бременост породувањето да биде по природен пат.

Во некои случаи, сепак, при појавени компликации се наметнува хируршка интервенција.