Единствениот начин да дознаете дали сте бремени е преку тест за бременост. Но, постојат рани знаци на бременост кои може да бидат првите показатели дека сте бремени и дека треба да направите тест за бременост.
Кај сите жени е различно. Некои, веднаш претчувствуваат дека се бремени, додека некои пак, немаат никакви сомнежи околу бременоста сѐ до првиот пат кога нема да имаат редовна менструација.
Дали кај сите жени се манифестираат рани знаци на бременост?
Раните знаци на бременост варираат од случај до случај и затоа не кај се која жена се манифестираат вакви знаци. Но понекогаш тие се појавуваат, но самата жена не е свесна за нив. Во продожение се дадени најчестите знаци на првата фаза од бременоста. Не се возбудувајте доколку забележите некои од нив, тоа не мора да значи дека сте бремени. Најдобар начин е да направите тест.
Знак 1. Крварење и болки
Во првите неколку дена по оплодувањето, јајцето се закачува за утеринскиот ѕид. Тоа може да предизвика крварење и болки. Попознато како крварење при имплантација, овој симптом се појавува помеѓе шестиот и дванаесетиот ден по оплодувањето. Болките се слични на менструалните, па често пати се случува жените да помислат дека крварењето е од менструалниот циклус. Освен крварење, може да се појави и вагинален исцедок, како резултат на стврднувањето на ѕидовите во вагината. Зголемениот раст на клетките во тој предел го предизвикува истекувањето на оваа течност. Најчесто ова безопасно, но доколку почувствувате болка или печење, задолжително отидете на доктор.
Знак 2. Промени на градите
Промени на вашите гради се еден од најраните знаци на бременост. Кога забременувате, телото поминува низ низа од промени, особено на хормонално ниво. Една или две недели по забременувањето, може да се забележи дека градите се надуени, се чувствуваат трпки или болка. Областа околу брадавиците може да стане потемна. Овие симптоми може да се појават и при употреба на анти-беби пилули, а може да бидат и предменструален симптом. После неколку недели, болката во брадавиците се намалува, бидејќи телото се навикнува на новот хормонално ниво.
Знак 3. Замор
Доколку чувствувате невообичаен замор, тоа може да значи дека сте во првата недела од бременоста. Но, заморот може и да не биде поврзан со бременоста, т.е. да биде предизвикан од стрес, физичко исцрпување, депресија, грип или друго заболување.
Знак 4. Утринско гадење
Зголеменото ниво на естроген го забавува празнењето на стомакот. Ова придонесува за уште еден знак на бременоста, а тоа е утринското гадење. Во ваков случај, голем број жени чувствуваат одбивност кон храната, дури и кон храна која им била омилена до тогаш. Не сите бремени жени имаат утринско гадење.
Знак 5. Доцнење на менстуралниот циклус
Ова е најочигледниот знак дека е можно да сте бремени. Но, не секое доцнење на циклусот значи дека сте бремени, а ниту пак значи дека доколку сте бремени, дека нема да имате редовна менструација.
Некои фактори кои можат да влијаат на доцнењето на менструацијата се: нагла промена на телесната тежина, стрес или тензија. Во секој случај, доколку забележувате дека има доцнење, направете тест за бременост.
Доколку сте бремени, може да ги имате сите овие симптоми, но може да имате и само еден-два. Никогаш не ги интерпретирајте овие написи здраво за готово. Во секој случај, најдобро е да отидете кај вашиот доктор.