Кои се причините поради кои треба да ја откажеш втората средба



Првите средби се времето во кое треба да се запознаеш со идниот партнер. Отпрвин може да си воодушевена и да немаш трпение да го видиш, но по првата средба мислењето може навистина радикално да се промени. Кои се причините поради кои треба да откажеш втора средба?


Доцнење. Секогаш може да се случи нешто да те натера да задоцниш. Ако задоцниш повеќе од 10-15 минути, тоа е навистина неприфатливо. Има луѓе на кои тоа не им прави добар впечаток, тие се навикнати да бидат чекани. Не сакаш такво момче, нели?

Несоодветно облечени. Првите средби секогаш минуваат по обични места: кафе низ центарот, прошетка во паркот или вечера во пицерија. Не е потребно да си ставаш некоја посебна облека. Но, ако идниот твој дечко дојде несоодветно облечен, добро треба да размислиш. За првата средба не треба да ставаш смокинг, но не е добра идеја да биде и со искинати фармерки или валкани алишта. 


Страни: 1 2