Кои се најважните работи ако аплицирате за работа



Американски студии покажуваат дека HR експертите во големите компании со еден поглед CV “скенираат” за околу 6 секунди. Тоа значи дека имате само 6 секунди, во кои треба да направите впечаток!

Од едно истражување на Payscale станува јасно дека основните нешта кои стојат за тоа време се неколку:

Името на сегашната (последната) ваша работна позиција

Датумот на кој сте започнале со работа

Претходни позиции / компании

Датумите на започнување / завршување на претходната позиција

Образование

Експертите од Payscale даваат неколку совети за тоа како да добиете најмногу од овие 6 работи:

Ставете професионална фотографија. Несоодветна слика може да биде пресудна. Ставете го образованието после професионалното искуство. За работодавачот е поважно што сте работеле, отколку во која гимназија сте учеле. Проверете двапати за правописни грешки.