
Истражувањето е спроведено од страна на компанијата за производство на кондоми Sexual Wellbeing Global Survey. Прашањата во анкетите се однесувале до неверството и сексуалното здравје во целина.
Најголемите љубовџии се докажува Грците – 87% од испитаниците признаваат дека не се лишуваат од задоволствата во кревет секоја недела.
80% од Русите и 82% од Бразилците исто така имаат секс барем еднаш неделно.
Половина од населението имитираат оргазам барем еднаш во животот. Жителите на Латинска Америка се најголемите актери во спалната соба.
70% од колумбијците се преправаат под покривката, проследени со Чиле – 64%.
На прво место меѓу неверните нации се рангираат Тајланѓаните. 56% од жителите на земјата го изневерувале партнерот, а многу од брачните парови признаваат дека водат слободоумен и полигамен сексуален живот.