Loading...

Kои се најчестите грешки кои ги прават жените – Што да НЕ правите на првиот состанок ?


Понекогаш, луѓето можат ненамерно да направат грешки на првиот состанок кои влијае на нивната романтична врска.

Дали сте љубопитни да дознаете кои се најчестите грешки кои ги прават жените на првиот состанок?

Не барајте совршен дечко

Една од најчестите грешки е да се бара совршенството. Се разбира, не треба да се задоволуваме со сè. Но пред да излезете со некого, одлучете што барате и што сакате од мажот до себе. А пред да ги видите неговите недостатоци, замислете се, дали вие сте идеална.

Не изгледајте премногу слободна 

Мажите сакаат да бидат со жени кои се зафатени или имаат повеќе обврски. Мажите кога ќе запознаат дами кои лесно ги прифаќаат нивните предлози може да изгубат интерес.

Не споделувајте чувства премногу рано

Споделувањето на чувствата премногу рано, сигурно е една од најважните грешки што треба да се избегнат. Бидејќи вашиот партнер може да не се чувствува подготвен да го каже истото па може да се осеќа под притисок и тоа може да доведе до крај на врската.

Не брзајте !

Мажите сакаат жени кои не брзаат во нештата. Подобро е да отидете на неколку состаноци и да се запознаете еден со друг. Ќе се чувствувате поудобно и ќе ја направите вашата врска посилна.

Страни: 1 2