Кои професии прават најмногу секс на новогодишните забави од работа



Околу 40 проценти од Британците имаат секс со колешките на службените новогодишни забави, а често тоа се случува и во кабинетот на шефот, пишува во “Дејли мирор”.


Весникот се повикува на национално истражување нарачано од бренд за долна облека. Од истражувањето станало видливо дека над 50 отсто од анкетираните го бакнале колегата на новогодишната забава од работа.

Според истражувањето направено помеѓу 2000 британци најчесто тоа се случува кај IT-специјалистите и вработените во одделот “Човечки ресурси”.


63% од компјутерските специјалисти имаат секс на новогодишната забава со колегите и 56% имаат оние од човечки ресурси.

Истото се случува со 27% од вработените во образованието и 29% од здравствените работници.


Преферирано место за правење на секс со колега за Божиќ бил службениот паркинг, кој собирал 25 отсто од гласовите.

21 отсто имале секс во салата за конференции, 18 отсто – на клупите и канцелариите и 16 отсто – во кабинетот на шефот.

20 отсто од британките започнале долготрајна врска со колега, откако се бакнувале на новогодишната забава, потсетува весникот.