Во диетите не е битна само храната, туку многу е важно и што пиете. Секако, изборот на вистинскиот пијалак може да ви го забрза метаболизмот и подобри диетата, но погрешниот ќе направи само штета.
Една од најголемите грешки е претераното консумирање на минерална газирана вода, затоа држете се до обичната вода.
Овошните сокови и сирупи се преполни шеќери и треба да ги избегнувате по секоја цена, и доколку не се 100 проценти природни тие ќе ве здебелат исто како и газираните пијалаци.
Кафето само по себе не е калорично, но ако му додадете млеко и шеќер или шлаг, станува калориска бомба, а посебно она кафе во кесички како 2 во 1 или 3 во 1.
Енергетските пијалаци се целосна катастрофа и се преполни со шеќер, а коктелите имаат двојно повеќе калории од пивото, па затоа не ни помислувајте да нарачате „нешто со чадорче на него“.