Кои мажи гледаат повеќе порно филмови



Мажите кои гледаат повеќе порно, имаат помал обем на мозокот, наведува новата студија.


Според експертите, ова е првиот доказ за врската помеѓу волуменот на мозокот и редовното гледање на материјали со сексуална содржина.

Д-р Симоне Кен од институтот “Макс Планк” во Берлин, вели дека засега лекарите не можат да одговорат јасно на ова прашање. Врска има, но тоа не е доказ дали има зависност помеѓу намалување на обемот на мозокот и порното.


“Не е јасно, на пример, дали гледањето порно доведува до промени во мозокот или луѓето родени со мозок од одреден тип, се зависници од порното”, дополнува лекарка. Таа и нејзините колеги го анализирале истражувањето преку следење на влијанието на порното на 64 мажи на возраст меѓу 21 и 45 година, кои се физички здрави.

Во истражувањето било вклучено скенирање на мозокот на мажите и надзор како на обемот на мозокот, така и на реакцијата при гледање на порно. Резултатите од истражувањето се објавени во специјализираното списание за психијатрија “Jama”.


Други доктори, сепак под сомнение ги ставаат резултатите и заклучоците од истражувањето.