Кои комплименти сака да ги слушне тој?



Жените ги сакаат комплиментите, но мажите не се различни од нив. Тие немаат ништо против партнерката да ги фали од време на време, за да се чувствуваат ценети.


Повеќето дами сепак забораваат дека помилувањето на егото на партнерите е една од многуте причини тие да изневерат, т.е. да се почувствуваат пожелни и ценети.

Еве и што не е лошо да кажете на вашиот партнер:


Што ли ќе правев без тебе!

Мажите сакаат да се чувствуваат потребни. Не грижете се да побарате помош, а кога ќе ви ја дадat, заблагодарете се и пофалете ги за напорот и резултатот.


Сакам да поминувам повеќе време со тебе

Понекогаш колку и да го фалите, потребно е само да му кажете дека сакате да поминувате повеќе време со него.

Ти си одличен во својата работа!

Вашиот партнер сигурно добива пофалби во својата работа, но тој би се радувал ако и вие го цените неговиот труд. Секој маж би сакал да може да ги сподели успесите со партнерот и да биде разбран.

Толку си секси!

Да се вратиме пак на визијата. Тој удира по неколку часа во салата, за да може да ви ги демонстрира плочките и својот бицепс. Покажете му дека го забележувате напорот и дефинитивно глетката ве тера да покажувете јазик.