Кои чевли ќе ги носиме оваа пролет



Уште малку и времето ќе стане навистина пролетно. Ќе ги прибереме чизмите и палтата и ќе си го поставиме вечното прашање “А сега што да носам”.


За разлика од зимата, кога можеме да избираме само меѓу многу дебели и многу тешки чизми, пролетта ни овозможува да сме елегантни, несериозни, стилски, шик или безгрижни.

Кога е потребно – да сме на струја, кога сме во расположение – да сме како на одмор во родниот град.


А боите се пролетни – бела, беж, пастелна, морска сина. Сеуште немаме идеја за целосно летните модели за кои силно се надеваме да се многу, многу шарени, но и она што го видовме, ни е доволно да ја чекаме пролетта со уште поголемо нетрпение.