Кога жилетот ќе го исече најмилото: таква е судбината за 200 милиони жени ширум светот



“Го почувствував бричот и кога ја видов крвта на рацете на акушерките, ќе умрев. Околу еден месец не можев да влегувам во бањата, бидејќи раната при допир со вода беше ужасно болна. “Ова е дел од расказот на 16-годишната Аман Шамех која со ужас се сеќава на денот, во кој биа изложена на женско обрежување (традиционална практика на делумно или целосно отстранување на женските гениталии). Постапката се прави на особено суров начин – органот за задоволство се пресекува со брич. Но, нејзината приказна не е изолиран случај, туку практика, ритуал, па дури и традиција, и се јавува во многу места ширум светот.


Случајот на Аман е од малото село Ауад Сараж во Египет – земја која забранува генитално обрежување кај жените во 2008 година и го криминализира во 2016 година. Практиката сепак до денешен ден останува широко распространет ритуал кој служи и за доказ за целомудрието на девојката. И тоа не е само религија, туку се однесува и на муслиманите, на христијаните и на Евреите, како и на претставниците на разни африкански верувања.

Продолжува на следната страна


Страни: 1 2