Кога жените се попаметни: 6 неверојатни работи измислени од жени



Кога се во прашање изумите кои оставиле трага во историјата прво на памет ни паѓаат машките имиња како Томас Едисон, Леонардо Да Винчи или Алфред Нобел. Но што е со жените што ја обележале историјата?


Ви претставуваме шест супер изуми зад кои се потпишани исклучиво жени.

Бришачи за автомобил


Мери Андерсон во далечната 1903 година се досетила дека бришачите на автомобилот ќе бидат многу корисни. Шипката со гума која се потпира на стаклото, ја патентирала една година подоцна. Иако нејзината идеја е влезена во сериско производство дури неколку децении подоцна, денешното возење не може да го замислиме без овој нејзин важен изум.

Монопол


Елизабет Меги е одговорна за една од најпопуларните друштвени игри на сите времиња. Оригиналот на името е The Landlord`s game или Игра на земјосоптвениците, а патентирана е во 1903г.

Соларно греење

Унгарката Др. Мариа Телкес е одговорна за првиот состав за греење на соларна енергија. Во 1925 се преселила во САД и се вработила на проект кој се занимавал со оваа проблематика. Во 1940-тата го развила првиот ваков систем за домаќинствата, а во реализација на проектот и помогнала уште една успешна жена – архитектката Еленор Рејмонд.

Пиво

Иако не може со сигурност да се тврди кој го произвел првото пиво, сепак податоците до кои дошле историчарите, велат дека тоа е дело на жена, т.е. жени. Имено пред 7000 години во Месопотамија, жените биле задолжени за производство на пиво.

Пивото тогаш се сметало за дар од Боговите, а денеска е едно од најпопуларните пијалаци и се тоа благодарение на женските раце.

Противпожарни скали

Првите противпожарни скали на надворешната страна на зградите кои треба да ја олеснат евакуацијата з време на пожар, во 1897 ги измислила Ана Конли. Нејзината идеја ја прифатиле бројни архитекти, а оваа идеја опстојува до ден денес.

Панцир елек

Верувале или не, заштитниот балистички елек, попознат како панцирка, го измислила жена. Нејзиното име е Стефани Кволек, а таа го смислила материјалот за елекот. Патентот се појавил во 1966 година.
Но, ова не е нејзин единствен изум. Во својата 40 годишна кариера таа патентирала повеќе од 40 различни изуми, па влезена е во Investor`s Hall of Fame.