Најголемо задоволство од сексот жените почнуваат да добиваат до 40-годишна возраст, утврди студија во САД.
Според сексолозите кон и по 40-те години жените повеќе не се комплексират од особеностите на своето тело – веќе не се вознемируваат многу ниту од повеќето килограми, ниту од недостатоците на својата фигура.
Покрај тоа, на оваа возраст тие престануваат да доживуваат илузии кон мажите и преферираат да бидат крајно искрени.
Истражувањето покажа дека по 40-те години жените поретко симулираат оргазам (само 37% наспроти 55% на млада возраст).
Освен тоа 70% жените кои учествувале во анкетата, рекле дека се чувствуваат посигурни во сексуалниот живот во споредба со времето кога биле 20-годишни.
Според сексолозите по 40-те жената разбира дека периодот на младоста оди и затоа прави се за да се чувствува попривлечна и сексуална.