Паровите прават најдобар секс во првите четири години од врската. Потоа партнерите губат интерес и привлечност еден кон друг, пишува во “Дејли стар”, повикувајќи се на резултатите од истражувањето направено меѓу 5.000 лица во Велика Британија.
Анкетата открива дека само половина од учесниците во него се задоволни од својот сексуален живот, речиси половина деценија по почетокот на нивните врски. Истовремено 31 проценти од мажите и 18 проценти од жените се категорични во признавањето дека се чувствуваат “сексуално незадоволени”.
“Во врскатa настапува момент кога сексот веќе не е приоритет за партнерите. На либидото влијаат различни фактори – присуството на деца, професионалната реализација, медицинските проблеми, депресијата.
Откако ќе помине некое време, паровите се во искушение да го споредуваат сексуалниот живот со оној во почетокот на нивната врска, но слични споредби често се нереални “, објаснува сексологот Питер Садингтон.