Кога се сончате, не правете ги овие грешки



Има доста голема конфузија во однос на прашањето за сончање. Значи, за да ја сочувате вашата кожа, ќе ви дадеме лекција за превенција од сонцето, без излишни информации.


Погрешна лекција № 1:

Хидратантниот крем е со фактор 15, па нема потреба од дополнителна заштита. Кремовите за лице со одреден степен на заштита од сонце не се за продолжено изложување под зраците, освен за одење до работа. Сето друго-од долг разговор со познати надвор до одење на плажа, си е значително изложување на сонце, па намачкајте и со висок фактор за сончање или пудра со SPF 15.


Погрешна лекција № 2:

Имаш потреба од сончево млеко со големина на топче за голф (барем) или неколку доста сериозни вбризгувања, ако зборуваме за спреј. Повеќето од нас користат една четвртина од тоа количество, при што успешно претвораат фактор 30 во фактор 7. Секогаш пред да излезеш на сонце, носи шапка, како и големи очила за сонце.


Погрешна лекција № 3

Може да се изложуваме на сонце во текот на целиот ден, додека го нанесуваме често производот за сончање?

Ајде да замислиме дека изложувањето на сонце има заедничко со печење на пилешко. Ставете го пилето во рерната на еден час. Кога ќе го извадите, тоа е препечено. Ако го намачкаш пак и го ставаш во рерната, процесот нема да почне повторно, туку пилето ќе изгори. Со кожата е иста шемата кога е испечена. Така да, по 300 минути под сонцето, производот престанува да дејствува. Сите сончеви зраци потоа можат да нанесат непоправливи оштетувања на кожата.

Погрешна лекција № 4:

Нова студија докажува дека е добро да се намачкаш со производи кои содржат антиоксиданси (зелен чај, калинка, витамини А, Ц и Е), пред да излезеш на плажа и тоа ќе и помогне на кожата да спречи трајни промени. Зошто ни се потребни антиоксиданси? Бидејќи тие го неутрализираат „нападот” на слободните радикали, кои помагаат за стареењето на кожата. Кремот за лице содржи витамин Ц, кој е фактор во борбата против брчките и ракот на кожата.

Погрешна лекција № 5:

SPF 30 е два пати посилен од SPF 15, па можете да го користите помалку и да сте заштитени подолго. Звучи логично, па ако без заштита, кожата гори за 5 минути, SPF 15 ти овозможува максимум 75 минути под сонцето. За да си обезбедиш долготрајна заштита, нанесувајте го производот на секои 2 часа или по пливање и потење. Но не претерувај.

Погрешна лекција № 6:

Добро е да се оди кај дерматолог барем еднаш на неколку месеци. Понекогаш прекумерното изложување на сонце ја оштетува кожата и е можна појавата на чудни формации. Ние сепак сме сигурни дека сте паметни девојки и знаете како да се пазите.