Кога се најстрастните периоди кај жените а кои кај мажите?!



Жените се ноќни птици, кога ќе стане збор за омилено време за секс, додека мажите се во искушение во раните утрински часови, покажа истражувањето, велат од “Дејли мејл”.


Истражувањето било нарачано од сајтот за секс играчки “Лавхани” и опфаќа 2.300 лица.

Од направеното истражување се дознава дека пикот на либидото на мажите и жените се разминуваат со повеќе од 15 часа.


Иако напорниот ден во канцеларијата и домашна работа, која ги очекува потоа, на жените најмногу им се страстни периодите меѓу 23 и 02:00 часот. Претставниците на посилниот пол пак се најмногу склони кон сексот наутро, односно меѓу 06:00 и 09:00 часот.

При тоа разминување во пикот на страста, не е изненадувачки дека понекогаш паровите се чувствуваат незадоволни од својот сексуален живот.


Од истражувањето станува видливо дека 86 отсто од жените и 63 отсто од мажите имале партнерка со која времето на страста им се разминува.

Само 11 отсто од претставничките на понежниот пол го сакаат утринскиот секс, а само 16 отсто од мажите сакаат да имаат секс во ноќните часови, пред заспивање.