Кога ќе најдеш човек со убави очи, не го испуштај душичке. Дека во убавите очи е се убаво, па дури и неубавото …



Кога ќе најдеш човек со убави очи, не го испуштај душичке. Дека во убавите очи се е убаво, па дури и неубавото. И оние ситните фалинки што тебе толку ти сметаат, на убавите очи им изгледаат најубави, душичке. Човек со убави очи и тебе ќе те прави целата убава, елегантна и грациозна, па кај и да одиш ќе се загледуваат во тебе восхитувајќи се на твојата езотерија. Човек со убави очи кога ќе најдеш, не го испуштај душичке. Дека убавите очи се очи на надежта. Не гледаат во тебе тоа што си сега, туку тоа што можеш да станеш. Приближи им се на убавите очи и погледни се во нив како во огледало… гледаш ли што можеш да бидеш душичке? Чуда ќе направат од тебе убавите очи. Во нив секогаш ќе бидеш млада и убава… дури и кога за сите други очи ќе бидеш грда. Ќе бидеш посакувана и важна. Најважна на свет ќе бидеш душичке, дури и кога на никого веќе нема да му требаш. Убавите очи ќе те одржуваат свежа дури и кога за сите други ќе овенеш. Затоа, кога ќе најдеш човек со убави очи – грабни го и бегај душичке. Дека се поретко ги прават такви.

Колекционер 1-5
999 ден со достава