Кога е вистинско време да се разделите од вашиот партнер?



Кога двајца луѓе почнуваат врска, тие се привлечени еден од друг, доживуваат силни чувства и сметаат дека својот партнер е најсоодветниот за нив.


Распадот на љубовните односи обично ја означува промената во ставовите на едниот партнер или и на двајцата – и тие сфаќаат дека оваа врска не ги задоволува и дека партнерот/ката е сето друго, но не и нивна сродна душа. Каква и да е причина за оваа промена, препорачливо е парот да се раздели, особено ако еден од двајцата партнери страда некако.

Знаците кои укажуваат дека е време да си одите


1 . Кога се чувствувате незадоволни од својата врска. Ако перманентно чувствувате дека не ја добивате потребната почит и загриженост, подобро прекинете ги односите со својот партнер. Една од главните цели на секоја врска е да ги прави луѓето среќни и весели. Двајцата партнери се должни да се грижат еден за друг. Ситуацијата е дополнително комплицирана доколку имате физички или психички тортури. Во овој случај крајот на врската е задолжителен.

2 . Кога љубовта е само спомен. За секој човек е важно да се чувствува сакан. Ако еден од партнерите не ја разбира важноста на љубовта, тогаш врската е осудена на пропаст. Не треба да се осудуваме себеси на страдање, кога гледаме дека партнерот не не сака или лошо се однесува со вас. Недостатокот на романтика е најочигледен знак за недостаток на интерес.


Страни: 1 2