Кога е правото време за секс после породувањето


Доколку се прашувате дали постои идеално време за враќање на сексуалниот живот во нормала после добивањето бебе, еве што откриваат истражувањата…

Австралиски научници ги проучувале податоците добиени од околу 1.500 жени и откриле дека 41% од новите мајки имале сексуални односи шест недели после породувањето. Осум недели после породувањето, на секс пристапиле повеќе од 65% жени, 78% до 12 недела, а дури 94% од мајките практикуваат секс дури после шест месеци после породувањето.

Иако голем број на жени чекаат подолго време за да имаат сексуален однос после породувањето, 53% тврдат дека имале некој вид на сексуална активност во тој период од 6 месеци после раѓањето на бебето.

Жените на возраст од 30 до 34 години, според истражувањето поретко се впуштаат во сексуални односи 6 недели после породувањето, во однос на младите мајки од 18 до 24 години. Разликата е 40 % во однос на 63%. Жените кои имале царски рез или епизиотомија, се одлучиле да стагнираат од сексуални односи, подолго и од 6 недели.

Само околу 10% од младите мајки нема да имаат краткорочни последици од пораѓањето, па затоа е поголем бројот на мажи кои очекуваат одложување на сексуалните односи – сметаат истражувачите.

„Најважниот резултат од истражувањето е широкиот временски интервал по кој паровите продолжуваат со сексуалните односи после породувањето на жената“- велат истражувачите.

Стефани Браун, вонредна професорка на детски истражувачки институт во Викторија вели дека поголем број парови избегнуваат сексуални односи до 6 недели после породувањето на жената, а има и такви кои апстинираат од секс и многу подолг период.

„Ова е корисна информација за паровите кои се уште немаат, а планираат деца, бидејќи може да им помогне во намалување на тегобите и вината за изоставување на сексуалните активности“ – вели таа