
Ако се прашувате дали има период во кој партнерот ви е плоден и веројатноста тој да ви подари бебе е најголема, одговорот е позитивен. Да, сигурно постои таков период! Излегува дека ритамот во природата влијае на плодноста не само на жените туку и на нивните силни половини. Овој заклучок беше постигнат од страна на научниците на Универзитетот во Цирих откако успеаја да го декодираат точното време во кое спермата е најактивна.
Во истражувањето објавено во списанието Chronobiology International, тие тврдат дека семената течност произведена од машкиот организам, може да се пофали со највисока концентрација на сперматозоиди во раните у
Заклучоците на тимот се базирани на 12 245 примероци собрани од 7068 мажи, кои биле пациенти на одделот за ендокринологија во Универзитетската болница во Цирих во периодот 1994 – 2015 година. Научниците се надеваат откритието им да биде чекор напред во поддршката на природно или ин витрото оплодување кај паровите кои имаат проблеми со зачнувањето.