Кога аплицирате за работа, задолжително внимавајте на овие 4 работи



Ако сакате секогаш кога аплицирате за работа да ве повикаат на разговор, внимавајте на овие неколку работи…

Грешки, грешки, грешки


Дури и ако станува збор само за неколку „проголтани“ букви, работодавецот може да добие впечаток дека сте мрзеливи и не многу заинтересирани за работата. Некогаш е тешко да ги воочите сами грешките, па затоа своето CV пред испраќање нека го прочита некоја ваша пријателка.

Лош изглед и формат


Вашата лична биографија е ваш начин на презентација. Ако со него не можете да привлечете внимание, како тоа ќе го направите на интервјуто? Држете се до овие 3 правила: бидете концизни, користете класичен фонт и личните податоци ставете на врвот, а потоа наредете ги работните искуства почнувајќи од последното.

Општа работна биографија

Ако испраќате едно општо CV до сите работодавци, значи дека самите си се елиминирате од старт. Затоа истакнете го она што е битно за една конкретна работа. Доколку бараат компјутерски гение, истакнете ги сите курсеви што сте ги завршиле од таа област, а секако, може да ги изоставите часовите по грнчарство.

Растегнување на вистината

Ова е опасно поле, иако скоро 31 процент од луѓето признаваат дека претеруваат во описот на своите вештини за да си ја осигурат работата. Доколку ве откријат на интервјуто, сигурно ја губите работата, бидејќи никој во фирмата не сака да вработи некој кому не може да му верува, нели?