Книга: Страв од летање



 


Времето што можете да си го посветите само себе, овој пат исполнете го со прекрасниот роман на Ерика Јонг.


Страв од летање е роман за слободата на еротското и психолошкото живеење. Роман за една жена

која што е убава, страсна, но исполнета со страв од својата страст и слобода.


 

Исидора Винг е смешна и трогателна анти – херонина. Таа со своите авантурите и „несреќи“ полни со бујност, духовитост и потполна искреност живее живот, кој низ вековите, бил дозволен само на мажите. Нејзините бракови еден по еден пропаѓаат, нејзините љубови „испаруваат“ како чашка алкохол, а таа е во постојано себепронаоѓање по секоја нова љубовна авантура, по секоја помината ноќ.

 

Исидора оди со својот маж во Виена, каде тој присуствува на еден конгрес на психоаналитичари.

Таму таа го среќава мажот од нејзините соништа, олицетворение на сета нејзина фантазија, совршен маж.

Тогаш почнуваат нејзините патешествија…

 

Доживувањата на Исидора Винг не престануваат со крајот на романот, тие продолжуваат во следниот роман Како да се спаси сопствениот живот.

 

„Страсен роман… телото сака секс, секс, секс, љубов, сигурност, удобност, а умот сака слобода, независност, моќ за работа, да се пишува… многу живо и реално. Тој е смешен и тажен, духовит и измачувачки, брилијантен, сензуален, сериозен.“ – дел од критиките за романот.