Кинески љубовен хороскоп



За разлика од хороскопот кој ние го користиме, Кинескиот хороскоп не се базира на денот на кој сте родени, туку на годината. Секој од 12 знаци трае по една година.


Сите 12 знаци имаат животински имиња, со различни карактеристики. Ова се нивните љубовни аспекти:

Стаорец (родени во 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
Вие сте страсни, внимателни и отворено ги покажувате вашите чувства. На почетокот од врската сте секогаш полетни, но доколку осетите дека љубовта не ви е возвратена со иста мерка, станувате гневни. Вашиот кинески хороскоп укажува на вашата желба да бидете центар на светот за вашиот партнер, па ако се почувствувате занемарено, станувате ситничави до бесвест. Вам пред се ви е потребно да почувствувате сигурност за да станете внимателни. За тоа е потребно време, но кога ќе го пронајдете оној кој ви ја дава потребната сигурност и љубов, станувате посветен и верен партнер.


Бивол (родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)
Нежни сте и отворени кога сте со вистинскиот партнер, а вашата поддршка дава цврста потпора на врската. Важно е да бидете внимателни кога е во прашање изборот на партнер, бидејќи сте многу осетливи и ризикувате да бидете повредени. Од партнерот очекувате да биде праведен, нежен и ентузијаста до одредена мерка – сакате да ви приближи некои нови интереси, но да не ја загрози вашата сигурност. Со негова поддршка, ќе заборавите на сите грижи и ќе уживате. Вашиот кинески хороскоп покажува дека сте толерантни кон саканата личност и дека не ви е тешко да простувате.

Тигар (родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
Вие сте со слободен авантуристички дух и сакате да одите од една врска во друга. Уживате во романтиката и возбудувањата кои ги носи секоја нова љубов, но веќе по првото чувство на заситеност, подготвени сте да ги раширите крилјата и да одлетате на некој друг цвет. Вашиот кинески хороскоп покажува дека ве привлекуваат личности кои што имаат независен авантуристички карактер, баш како и вие. На таквиот партнер искрено му ги покажувате своите чувства, но сепак сте непостојани и изневерувате. Затоа ви е потребен некој кој што е сталожен, прибран и кој што може да го разбере вашиот слободен дух.


Зајак (родени во 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)
Од партнерот барате нежност, доверба и сигурност. Верни сте и не сонувате за паралелни врски и љубовни пресврти. Но, доволно е само малку за да почнете да се сомневате во вашиот партнер, а кога тоа ќе се случи, искажете ги вашите сомнежи и ќе видите дека се неосновани. Кога ќе ја пронајдете вистинската личност, љубовта ќе ви биде возвратена со иста мерка, повеќе ќе простувате и ќе бидете помалку сомничави. Вашиот кинески хороскоп зборува дека ви треба повеќе време за да пронајдете сродна душа. Но, кога еднаш во тоа ќе успеете, ќе биде за цел живот.

Змеј (родени во 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)
Исклучително сте атрактивни и шармантни, а бројни се и оние кои ги привлекува вашата појава. Влегувате од една во друга романса и тешко ви е да се смирите со една личност. Штом ќе почувствувате слабост кај вашиот партнер, го напуштате и барате нов предизвик. Поради вашата доминантност многумина не успеваат да ве следат. Вие бргу ги заборавате, но немојте да бидете сигурни дека и тие ве заборавиле вас. Вашиот кинески хороскоп укажува на фактот дека ви е потребен некој кој што ќе ви даде повеќе простор, но кој сепак ќе биде активен како и вие, бидејќи единствено таква личност не би била заплашена од вашата сила.

Змија (родени во 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)
Многу сте заводливи, а кога ви се допаѓа некој, не се откажувате од желбата да го освоите. Другите ги привлекувате со вашата романтичност и хумор. Но, не сакате туку така да бидете фатени и вешто ги избегнувате љубовните замки. Вашиот кинески хороскоп зборува дека сакате да ја сочувате вашата слобода и да откривате нови видици. Кога сте во врска со личност која навистина ја сакате, станувате многу внимателни, но сепак ви е потребно време за на партнерот да му ги откриете вашите стравови и слабости.

Коњ (родени во 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002)
По природа сте непоправлив романтик, а врските во кои што стапувате се многу бурни. Тешко ви е да одберете само еден партнер, но би морале да одлучите и да ги преземете вашите обврски. Вашиот кинески хороскоп укажува дека ви е потребен некој кој ќе се грижи за вас, но воедно и кој ви дава слободата која ви е потребна. Иако можеби на другите им делувате несериозно, во длабочина на душата вие сте еден од оние кои што сакаат да пронајдат вистинска личност со која што ќе ги поминат најубавите моменти.

Овца (родени во 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003)
Вам од се најважно ви е чувството на сигурност. По природа сте многу емотивни, лесно се расплакувате, но ви недостасува самодоверба за да ги изразите своите емоции. Вашиот кинески хороскоп зборува дека често делувате отсутно и дека тешко создавате нови познанства. Истовремено сте нежни, романтични, креативни, но вашата неодлучност е нешто што би можело да му пречи на вашиот партнер. Меѓутоа, тој тоа ќе ви прости ако е вистинскиот, бидејќи ќе знае дека во душата вие сте прекрасна личност.

Мајмун (родени во 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004)
Ве привлекуваат возбудувања и со сигурност може да се рече дека имате многу бурен љубовен живот. Другите ги привлекувате со вашиот хумор, отвореност и необичните интереси. Меѓутоа, вашиот кинески хороскоп укажува на фактот дека не барате авантури кога еднаш ќе ја најдете вистинската личност за себе. Кога вашиот партнер ќе направи и најмала грешка, вие ќе се најдете навредени, но на партнерот кој навистина ви одговара нема да му биде тешко да ве смири. Кога вашата врска ќе стане постојана, ќе станете доверлив и прилагодлив партнер, секогаш подготвен да помогне.

Петел (родени во 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981,1993, 2005)
Вие уживате во додворувањето, шармантното друштво и добрата атмосфера. Се гордеете со својот изглед и настап, а кога ситуацијата тоа го бара од вас, умеете да го импресионирате соговорникот со своите ставови. Она што може да ве одбие од потенцијалниот партнер е можноста однапред да го предвидите неговиот нареден чекор. Вашиот кинески хороскоп зборува за вашата независност која секогаш ве тера да одите напред, но и во вас постои доза на љубомора која се обидувате да ја сокриете. Кога ќе ја најдете вистинската личност, заборавате на талкањата – вие сте верен партнер и во состојба сте потполно да и се посветите на саканата личност.

Куче (родени во 1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006)
Многу сте повлечени кога станува збор за вашите чувства и потребно ви е охрабрување. Уживате во друштвото на некој кој е верен и поседува авантуристички дух кој вам ви недостасува. Меѓутоа умеете да го слушате партнерот и да го поттикнете со вас да ги подели проблемите. Вашиот кинески хороскоп укажува дека сте верни, нежни и дека ви е важно вашата доверба да биде возвратена. Ако некој ве повреди или издаде, потребно е многу време таа доверба да се поврати. За вас е идеално најпрвин да создадете пријателство од кое подоцна ќе градите врска.

Свиња (родени во 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007)
И кога ќе пронајдете партнер имате потреба да го тестирате за да се уверите дека тој е вистинскиот избор. Довербата која што ја внесувате во врската би можела да ви се удри од глава, бидејќи има и такви кои може да ја злоупотребат, но вие сте подготвени бргу да почнете од почеток. Вашиот кинески хороскоп покажува дека умеете да бидете многу затворени, но пред се, вие сте толерантни и му давате на партнерот иста слобода каква што и самите барате. Кога врската ќе се зацврсти, љубовта која што ја давате ви се возвраќа.