Кејт Мидлтон го напушти дворецот и замина кај своите родители. Еве зошто



Тивка војна изби меѓу кралицата Елизабета и мајката на Кејт Мидлтон – Керол Мидлтон, велат од коментар.мк. Поводот се претстојните новогодишни празници, а семејството на снаата на кралицата не се поканети на прославата. Причината е дека Кејт Мидлтон не сакаше да остане да живее со нејзиниот сопруг во палатата Кенсингтон. Таа замина кај своите родители заради тешката бременост.


Затоа војвотката Кејт Мидлтон сакала да се врати во домот на своите родители, каде ќе биде постојано згрижена. Младата жена е многу блиска со својата мајка и се потпира на секаква помош од неа и од жената, која и била дадилка. Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон го зела со себе и првородениот син. За малиот Џорџ таму се грижат група од дадилки и помошнички.

Мајката на Кејт Мидлтон изразила желба нејзината ќерка да не патува по празниците поради тешката бременост. Кралицата сепак не сака да го покани семејството на Војвотката на ручек на Божиќ во палатата, бидејќи за нив тие се обични луѓе и според правилата не можат да присуствуваат на една маса со кралското семејство.