Кејт и Вилијам очекуваат трето дете?



Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон е бремена со бебе број 3, тврдат британските и американските медиуми.


Според сајтот на американското списание Life & Style Weekly таа и сопругот, принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, веќе на останатите членови на кралското семејство им пријавиле уште за време на божиќните празници.

Изворите тврдат дека двојката е бескрајно среќна од благата вест, која ги возбудила и сите нивни блиски.
Потсетуваме дека двојката има две деца – принцот Џорџ, кој се роди на 22 јули 2013-та, и принцезата Шарлот, која се роди на 2 мај 2015 година.


Во изданијата засега не се споменува во кој месец е бремена Кејт.

“33-годишните Кејт и Вилијам секогаш сонувале за големо семејство. Но не очекувале дека тоа ќе се случи така брзо”, дополнуваат во статијата за радосниот настан.