Ќе ве расплаче: Да се ​​вратиш во татковата куќа и никој да не те дочека таму …



Не сум верувал дека јас, маж речиси на 50, техничар , доста молчалив и дури здодевен, според мојата сопруга, ќе седнам пред компјутер не за да работам, туку да пишувам писмо.

Пред 16 години заминав на работа во странство, брзо се снајдов и го зедов кај себе и своето семејство. Малку потоа почина татко ми и мајка ми остана сама. Никогаш не се пожали, не ме прекори, не ми навести дека нема кој да се грижи за неа – а јас сум единствен син. Често се слушавме и таа секогаш велеше дека е добро и дека се е во ред. Но со самото прашање “Дали ќе си дојдете наскоро?” покажуваше дека всушност е тажна и многу осамена.

Со рака на срце можам да кажам дека се грижев за неа, ја мислев , не сум ја напуштил, не сум ја заборавил ниту за миг. Мојот најголем грев е дека не си стоев на зборот. Секоја година си доаѓав дома во август, кога целата фирма одеше на колективен одмор, и тоа беше нашето време.

Продолжува на следната страна

Страни: 1 2 3