Ќе ти направам место во мојот живот



Една жена се вљубува, кога ќе се појави некој способен да ја збуни. Да ја згрижи. Да ти каже дека сака да е во твојот живот и да ти направи место за тебе во својот. Не да ти ослободи полица во плакарот. Да ти ја ослободи целата своја соба, целиот свет, да те проникне во своите соништа, во својот кревет, во викендите и во летото. Доволно е само да си помисли дека би го направила за тебе – другото си доаѓа само. Една жена се вљубува кога те гледа и не може да тргне наопаку што си мисли. Затоа што мисли за тебе.

Жената се вљубува кога ќе почувствува сила, зад која само пред неа прозира слабоста која секој ја носи во себе, кога ќе почне да разбира зошто и намигнуваш, да ги прифаќа разликите, кога ќе престане да ги брои часовите, да размислува за вчера и утре, бидејќи денес е најубавото нешто што и се случило.

Една жена се вљубува, кога во тебе гледа нешто што не е видено во другите. Не кога ќе види повеќе, туку кога ќе го види нејзиното нешто.

Кога ќе посака да ти верува, да ти раскаже од каде се лузните на нејзиното рамо, да те запознае со другарките, без да и е гајле дали ќе те моли, да ти раскаже за откаченото семејство, за вашето куче, кое го сакала повеќе од сè, кога била дете и зошто става бибер на пуканките. Кога поминува покрај излозите и оценува која облека ќе ти стои најдобро.

Ниту една жена не се вљубува навистина во скапи подароци или во вашиот автомобил.

Помалку од ова не е љубов. Бидејќи таа е дури и илјадници пати повеќе. И можеш да разбереш, само кога ќе побараш да се направи место за тебе во нејзиниот живот. Кога ти ќе го направиш истото за неа и наскоро не можеш да замислиш каков си бил пред тоа.